Ждрепката за редните броеви на клубовите и групите во Суперлигата пред стартот на новата сезона ќе се одржи денеска на пладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
Во претстојната сезона во елитното друштво ќе играат 16 тимови, од кои 14 во регуларниот дел на сезоната и ќе бидат поделени во две групи.
Рангирањето во шешири пред ждрепката е направено врз основа на пласманот минатата сезона во суперлигашкото и прволигашкото друштво.
Тоа значи дека во регуларниот дел нема да може меѓусебе да играат Металург и Охрид, кои лани завршија на првото и второто место.
Ждрепка, Суперлига:
шешир 1: Металург, Охрид
шешир 2: Пролет, Бутел Скопје
шешир 3: Радовиш, Еурофарм Пелистер 2
шешир 4: Струга, Работнички
шешир 5: Астраион, Тиквеш
шешир 6: КЛ7, Прилеп
шешир 7: Јуниор Кисела Вода, Младост Богданци
Ќе бидат одиграни по 14 кола во регуларниот дел, а потоа првите три од двете групи, заедно со сехалигашите Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат плеј-оф, додека останатите осум ќе играат плеј-аут. Стартот на регуларниот дел е планиран на 12 или 13 септември, а натпреварите ќе се играат без публика.