По неколкумесечна пауза, СЕХА лигата продолжува со многу важен натпревар, дуел со кој се одлучува кој ќе биде последниот учесник на Ф4 турнирот што се одржува во Задар од 4 до 6 септември.
Вардар го пречекува хрватски Нексе, на реванш четвртфиналниот натпревар, а на првиот натпревар одигран во Нашице во март, Вардар победи со 31-30.
Домашниот тим влегува со мотив да ја продолжи традицијата од претходните осум сезони и повторно да игра за титулата во СЕХА.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе започнува од 20:15 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.