Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Младост (ЛИНК)

После дуелот вчера против тимот на Фиверс во Лигата на Европа денеска ракометарите на Металург се пред нов натпревар и тоа од Супер машката лига. Ќе треба да одработат уште еден заостанат натпревар во кој се среќаваат против составот на Младост од Богданци. Металург е фаворит и тука се очекува да нема поголеми проблеми да се дојде до победа. Средбата се игра во „Автокоманда“, а почнува во 20 часот.