Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Косово (ЛИНК)

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на ЕХФ шампионатот за младинци, кој се одржува во нашиот источен сосед, поточно во градот Варна.

Избраниците на Бранко Ангеловски во групата Б за втор ривал ја имаат репрезентацијата на Косово, која во првото коло беше убедливо поразена од Романија со 39-26.

По ремито со Украина во првиот натпревар, единствена опција на македонската репрезентација е победа против Косово.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово стартува од 18:00 часот, а може да го гледате ТУКА.

*за да го следите натпреварот ќе ви биде потребна регистрација од неколку чекори