Машката репрезентација на Македонија денеска го игра полуфиналниот двобој на Медитеранските игри во Алжир.
Избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат со силната африкански шампион Египет, кој е скоро во полн состав на МИ.
Египет е предводен од Роберто Парондо и Рубен Гарабаха на клупата, а од Елахмар, Хендави, браќата Елдера…на теренот и нашите момци ќе имаат тешка задача.
Натпреварот започнува од 14:00 часот, а може да го гледате ТУКА.