После вчерашната победа репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција денеска ќе има нов обид за триумф против домашниот тим на Литванија.
Кадетките вчера одработија одличен дуел против Косово и сега се очекува да продолжат во ист стил. Литванија ќе биде сигурно потежок противник, но ќе мора да се одигра најдобро што може за да се дојде до нови бодови кои ќе бидат максимално важни.
Денешниот натпревар против Косово ќе го судат Џанис Тадарашка и Дмитри Назарук од Белорусија Делегати се Маргрид Вејхе Фарските острови и Урмо Сици од Естонија. Натпреварот може да се гледа на следниот ЛИНК.
*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.