Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа.
Прв гостин во Битола ќе биде незгодниот швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, кој има една победа во оваа конкуренција над ГОГ Гудме.
Тренерот на „фармацевтите“ Жељко Бабиќ направи само една промена во ростерот во споредба со тимот што играше во Данска против ГОГ Гудме. На местото на левото крило Гоце Ојлески, во составот е пикерот Елмир Граџан. Кај гостите недостига левиот бек Жарко Шешум.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен се игра вечерва од 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“, а ќе го судат руските арбитри Евгениј Зотин и Николај Володков.
Можете да го гледате на некои од следните линкови…
ЛИНК 3 (Линкот работи само со поддршка на екстензијата HOLA и не работи преку мобилен телефон. За сите оние кои се надвор од границите на Македонија, линкот е отворен доколку ниту еден национален бродкастер не ги откупил правата за пренесување на натпреварите)