Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Бутел Скопје – Металург (ЛИНК)

После пауза од две недели ракометарите на Металург денеска се враќаат на натпреварите и влегуваат во серија во која ќе имаат седум дуели во две недели. Денеска „металурзите“ гостуваат кај составот на Бутел Скопје каде што се очекува интересна средба во која може да има неизвесност. Металург ќе влезе како фаворит на хартија на овој натпревар, но во секој случај ќе биде интересно и ќе има што да се види од двете страни. За „металурзите“ воедно ќе биде и како добра подготовка пред средбата со Фиверс од Лигата на Европа. Средбата се игра во салата „Антон Димитров“ во Бутел, а почнува од 19 часот.