Гледајте ВО ЖИВО: Јужна Кореја – Македонија (ЛИНК)

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар на Светското првенство во Полска и Шведска.

Избраниците на Кире Лазаров откако во втората група од Президент Купот завршија на 2. позиција, денес ќе се борат за 27 место на Мундијалот.

Ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Јужна Кореја, која исто така заврши на второто место во својата група од Президент Купот.

Натпреварот меѓу Македонија и Јужна Кореја  ќе се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток во 18:00 часот.

Пренос ќе има на првиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.