Гледајте ВО ЖИВО: Јарослав – Ѓорче Петров (ЛИНК)

Македонскиот шампион Ѓорче Петров денес им се враќа на обврските на европска сцена.

Избраничките на Симе Симовски ќе го одиграат првиот дуел од двомечот против незгодниот Јарослав во рамки од осминафиналето во Европскиот Куп.

Екипата од Полска на денешниот натпревар во Автокоманда ќе биде формално домаќин, додека Ѓорче Петров на реванш дуелот ќе ја има домаќинската улога.

Доколку македонскиот претставник го елиминира Јарослав, тогаш ќе направи историски успех, ќе обезбеди пласман во четвртфиналето во третото по ранг европско натпреварување.

Натпреварот меѓу Јарослав и Ѓорче Петров ќе започне со почеток од 18:00 часот, а може да го гледате ТУКА.