Ракометарите на Вардар денес од Словачка ќе ја стартуваат новата сезона од СЕХА лигата, дивизија Југ.
Избраниците на Владо Недановски на гостувањето кај Татран Прешов ќе се обидат да дојдат до освојување на бодовите и со победа да ја започнат новата сезона од регионалното натпреварување.
Татран Прешов во есенскиот дел од сезоната имаше големи падови, менуваше тренери, играчи, па така македонскиот шампион има одлична можност за победа.
Дуелот меѓу Татран Прешов и Вардар ќе се одигра во „Татран Арена“, со почеток од 16:00 часот.
Пренос ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.