Ракометарите на Вардар денес му гостуваат на Партизан во Белград во рамките од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.
На првиот дуел, кој беше одигран во Скопје, победа остварија избраниците на Владо Недановски, триумфираа со пет гола разлика, 31:26.
Дуелот меѓу Партизан и Вардар ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ „Вождовац“.
Пренос од денешниот натпревар ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.