Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го стартува своето учество на 28-то Светско првенство. Домаќините на големото натпреварување се Полска и Шведска.
Ракометарите на Кире Лазаров за прв ривал ја имаат селекцијата на Норвешка, која на Мундијалите во 2017 и 2019 година играше во финалето и во двата наврати не успеа да дојде до златото.
Се очекува македонската репрезентација да има голема поддршка од трибините во „Таурон Арена“ во Краков, така што избраниците на Кире Лазаров ќе имаат мотивација повеќе да го остават срцето на терен и да се изборат за поволен резултат против скандинавската селекција.
Освен дуелот меѓу Македонија и Норвешка, денес ќе бидат одиграни уште седум натпревари на Мундијалот. Во групата Ф, во која се наоѓа и Македонија, ќе играат Аргентина и Холандија.
Денешниот натпревар на Македонија со Норвешка ќе стартува со почеток од 20:30 часот. Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.