Тимот на Овче Поле славеше убедливо на гостувањето кај составот на Борец во Велес со убедливи 44-26.
Домашните поведоа само со 1-0, а потоа се беше во знакот на гостите од Свети Никол, кои до паузата стигнаа до 15 голови предност, 24-9.
Вториот дел беше само формалност, во кој шанса за настап добија сите ракометари од двете екипи.
Најдобар стрелец кај победникот беше Бојан Гичев со 11 гола, а Дино Динев додаде уште седум погодоци.
Кај Борец, Леон Ристов постигна десет гола.