Македонската репрезентативка Леонида Гичевска одигра одличен натпревар во Втората лига на Франција.
Нејзиниот тим Олној Ејмери славеше на гостувањето кај Кан со 31-22, екипата што е предводена од македонскиот стратег Томе Петрески.
Гичевска даде седум погодоци и беше најефикасна на теренот. Македонската репрезентативка ја продолжува добрата форма во која играше и во националниот тим.
Олној Ејмери сега има 44 бодови што е доволно за третото место на табелата и шест бода помалку од лидерот Сен Маур, но останува во трка за лидерската позиција.