Репрезентациите на Германија и Русија одиграа одличен натпревар во последното коло на Европското првенство на кој после голема борба и неизвеснот во завршницата го добија Германците со 30:29.
Дуелот за четвротото место во групата Германија го започна подобро, имаше почетно водство и го диктираше резултатот. Во 14. минута Германија имаше 10:6 што беше највисоко водство во првото полувреме, а со таква предност избраниците на Гисласон заминаа на одмор од 16:12.
Русија имаше кризен период во завршницата од првото полувреме кога осум минути не успеа да постигне гол, период во кој противникот обезбеди солидна предност. Но во продолжението Русите започнаа добро и после само две минути беа на минус еден.
Сепак Германија успешно го чуваше водството се до 52. минута, Андреев израмни на 25:25, а веднаш потоа и Санталов реализираше за прво водство на Русија. Завршницата беше максимално неизвесна двете екипи имаа водство од по еден гол, но Германците подобро се снајдоа и забележаа минимален триумф.
Со овој триумф Германија го освои четвртото место во групата 2, а Русија заврши на петото место. Најефикасни во составот на Германија беа Гола, Рајхман и Цикер со по пет гола. Во тимот на Русија прв стрелец беше Косоротов со осум гола, шест постигна Ермаков.
ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА