Македонскиот шампион Вардар по триумфот од 38-25 над Војводина во првиот четвртфинален меч обезбеди пласман во следната фаза од регионалната СЕХА лига.
Реванш дуелот во Нови Сад ќе биде само формалност, во која младинците на српскиот шампионат ќе се обидат да се покажат во подобро светло.
Искусното десно крило на Вардар, Гоце Георгиевски посочи дека на реваншот одат за да победат, без никакви калкулации и опуштања.
,,Почнуваме да се навикнуваме на ова темпо на играње натпревар на секои 2-3 дена. Сега е најважниот дел од сезоната. Војводина одигра добро во Скопје иако на крај разликата беше висока во наша корист. Верувам дека и тие се надеваат дека може да не победат, а ние секако сериозно го сфаќаме тој натпревар. Нема што да калкулираме ниту да размислуваме – едноставно сакаме да победиме”, изјави Георгиевски.
Натпреварот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра утре, со почеток од 16:30 часот.
Недановски: Ќе бидеме максимално фокусирани на реваншот со Војводина