Репрезентациајта на Македонија ги доби противниците за групната фаза во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година кое ќе се игра во Германија.
На ждрепката во Берлин, Македонија беше извлечена во групата 1 заедно со Португалија, Туција и Луксембург. Десното крило на Гоце Георгиевски очекува сигурен пласман на ЕП.
„Ова е добра ждрепка за нас. Поквалитетни сме и од Луксембург и од Турција и се знае кој е фаворит тука. Доколку не успееме да се пласираме на Еврпоското првенство 2024 сметам дека тоа ќе биде голем неуспех за нас“, рече Георгиевски.
Квалификациите почнуваат на 12/13 октомври оваа година, а второто коло се игра три дена подоцна, додека останатите четири меча се на програмата во март и април догодина. Европското првенство во 2024 година, ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари во седум града.