Гаџа: Цел живот ќе го паметам говорот на Чупиќ и Гојун

Селекцијата на Хрватска оствари победа над Исланд со 23-22 што сепак нема големо значење, но барем малку ја задоволи прибирливата тамошна јавност.

Стрелец на победничкиот погодок беше ракометарот на Вардар, Анте Гаџа, кој откри некои детали од соблекувалната.

„Среќни сме што победивме. Многумина ни недостигаат на ова првенство. Ни недостига и воигрување, некои играчи не се ни познаваа меѓусебе пред ЕП. Чупиќ и Гојун одржаа говор пред мечот, тоа беа зборови што ќе ги паметам цел живот. На крилата на тој говор стигнавме до победа. Тоа се интерни работи и нема да откривам детали, но сите знаеме што значи репрезентацијата, тоа е култ што се создава со години и не смееме да го расипеметоа“, изјави Гаџа за „Индекс“.

За Хрватска остана уште да го одигра натпреварот против Холандија пред да се врати дома.