Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, ќе изврши изборен тренинг за ракометарките од генерацијата 2006 и 2007.
Денеска беше објавен и списокот на кадетките, кои ќе партиципираат на изборниот тренинг, кој е закажан за в четврток (16 јуни).
Савевски ќе има можност да го провери квалитетот на секоја ракометарка, а најдобрите ќе бидат селектирани за настап на кадетскиот Мундијал.
Македонија во периодот од 30 јули до 10 август ќе биде домаќин на Светското кадетско првенство во женска конкуренција.
На изборниот тренинг повикани се 24 ракометарки, најголемиот дел од нив доаѓаат од скопските клубови – Вардар, Ѓорче Петров, Шампион, Скопје…
Изборниот тренинг ќе се одржи во спортската сала „Автокоманда“, со почеток од 10:30 часот.