Хрватскиот шампион Загреб многу веројатно сезонава нема да игра во осминафиналето на Лигата на шампионите, па веќе почна со реконструкцијата на тимот. Досега се познати две засилувања. Станува збор за десното крило на Горење и хрватската репрезентација, Владо Матановиќ и за левиот бек на Татабања и Црна Гора – Милош Божовиќ.
Кога дојде на клупата на Загреб, Веселин Вујовиќ најави дека приоритет му е да донесе десен бек во екипата, а се чини дека потрагата нема да заврши во Данска. Андерс Крах Мартинусен, членот на Архус, кој е најдобар стрелец во данскиот шампионат и постигнува по 7 голови просечно на натпревар, требаше да стане „плинар“ на лето и практично се беше договорено.
Но тој се премисли во последен момент и реши да продолжи во составот на Фредериција, па Вујовиќ и раководството на Загреб ќе мора да бараат ново решение. Најавени се и преговори со Анте Кудуз, кој игра одлично во Лигата на шампионите во Динамо Букурешт, како и на Томислав Кушан од Ла Риоха.