Ракометарите на Вардар в четврток го играат осмиот натпревар во Лигата на шампионите против ПИК Сегед.
По поразот од Унгарија, вардарци ќе се обидат да го поправат впечатокот и да ја прекинат црна низа во елитното натпреварување.
Тренерот Веселин Вујовиќ смета дека и покрај лошата ситуација со повредите на дел од играчите, Вардар може и мора да го добие овој натпревар, кој е последен на домашен терен оваа година во ЛШ.
„ПИК Сегед е екипа што направи проект пред девет години, Пастор е таму тренер, но за тие девет години само два пати е шампион и никаогш не се пласирал на Ф4. Но сакам да бидеме реални за ситуацијата во Вардар. Михајловски се врати да го спаси ракометниот да не заврши како фудбалскиот клуб. Мора да сфатиме дека овој Вардар не е оној од шампионските години. Загубивме од Алборг, Монпелје историски екипи со рејтинг. Да загубевме од Динамо, не знам што ќе се случеше во јавноста. Не барам оправдување, но загубивме на сопствени грешки. Нашата ситуација е катастрофална, Дибиров е на инфузија има некоја вироза, дали ќе игра не знам. Во еден дуел страдаа Мишевски и Куни, се уште не се опоравени. Тото исто така има проблеми, не можам да кажам дали ќе игра. Стоилов и Кудуз не тренираа и имаа проблеми со грбот. Не е исто кога некој тренирал пет дена или не. Без оглед на се, што е тука е, ова е натпревар што мора да го добиеме. За мојот тренерски критериум, за јавноста, би биле премногу пет порази во низа. Ќе направиме се, ќе се базираме на добра одбрана, се надевам на добри партии од голманите, се надевам дека од поразот ние научивме повеќе отколку они од победата. Тука сме, работиме се што е во наша моќ и ќе направиме се да го добиеме натпреварот. Јасно е дека ПИК Сегед има квалитет и одличен тренер, но имаат и слабости. Не знам дали тие не не сфатија несериозно таму, ќе се види во четврток. Јас сум тренер тука три месеци, ние се воигрувавме во од, а тие се долго време заедно. Притисокот кој може да го направи публиката може да биде пресуден, како што беше и на гостувањето. Мора да ги затвориме Мартинс и Бомбач, а ако успееме во тоа заедно со Банхиди, можеме да победиме“, вели Вујовиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра в четврток со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Томовски: Со помош на публиката да се радуваме против ПИК Сегед
Вардар во големи проблеми: Дибиров, Куни, Тото, Стоилов, Кудуз…неизвесни за ПИК Сегед!
„Имаме листа на засилувања, ама ако Михајловски не добие помош – тоа ќе падне во вода“