Ракометарите на Вардар ги очекува тежок натпревар на гостувањето кај хрватскиот првак Загреб во Лигата на шампионите.
Тренерот Веселин Вујовиќ, кој седеше на клупата на „плинарите“, вели дека овој меч е меѓу клучните за пласман во следната фаза.
„Не чека нас Загреб. Спој на младост и искуство. Имаат млади играчи кои брзо натпредуваат. Не чека тежок натпревар. Ние добро одигравме во Кил, тие добро одиграа во Монпелје, а ова ќе биде натпревар, кој и Вардар и Загреб мораат да го добијат, бидејќи од тоа зависи пласманот во следната рунда. Мислам дека Вардар се „дигна“, дека играме добро и ни доаѓаат натпревари со ривали во наш р – Загреб, Мешков, Елверум. Се надевам од тие дуели ќе извлечеме добри резултати и ќе ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда“, вели Вујовиќ.
Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра на 8 декември со почеток во 20:45 часот во салата „Сутинска врела“.