„Вујовиќ беше големо и скапо промашување“

Веселин Вујовиќ, кој долго време е поврзуван со камбек на клупата на Вардар, го завршува својот престој во Бања Лука, каде го водеше Борац.

Челниците на овој босански клуб „удрија“ по Вујовиќ и го искажаа незадоволството од неговиот ангажман.

„Разочаран сум од Вујовиќ. Тој е едно големо и многу скапо промашување. Многу погрешивме што го ангажиравме. Имаше неверојатни услови за работа, а ние за возврат не добивме апсолутно ништо. На крајот се покажа дека ние сме му само попатна станица. Да му помине времето додека се пресели во Скопје и со тоа покажа дека не не почитува“, изјави потпретседателот на клубот, Маринко Умичевиќ за „Глас Српске“.

Борац беше елиминиран од Купот со два порази од Извиѓач, а потоа загуби од истиот ривал и во првенството.