Женската кадетска репрезентација на Сирија, каде што селектор е Владимир Глигоров во февруари го очекува Азиски шампионат , каде што може да се забележи убав резултат. Со пласман до 5. место би обезбедил место на Мундијал, но сигурно и нов долгорочен договор.
„Оптимист сум. Девојките добро работат. Максимално се трудат да дојдат до што поголемо знаење. Доколку успееме да освоиме 5. место тогаш ќе се пласираме на Светското првенство и тоа ќе биде голем успех за нас. Задачата е тешка, но не и неостварлива. Многу работи ќе зависат и од ждрепката и составот на групите кои ќе бидат извлечени. На претседателот му кажав дека треба време и константна работа од 2-3 години за да можеме да дојдеме до резултат. Тоа не го кажав за да си обезбедам работа за мене на подолг рок туку тоа го кажуваат фактите. Нивното време и знаење бара макотрпна работа. Од Ракометната федерација се сложија, но ќе видиме како ќе биде после првенството во февруари“, изјави Глигоров во интервјуто за 24 Ракомет.
Комлетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ: Меѓу работа без пари и работа за перспектива ја избрав Сирија