ВО МЕЃУВРЕМЕ: Кога „Вујо мајсторе“ бранеше седмерци! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните моменти, погодоци, одбрани, асистенции....За денеска го одбравме моментот од Европското првенство во Хрватска 2018 година, кога Словенија ремизираше со Германија, 25-25, иако имаше шанса да победи. Словенците кои беа предводени од Веселин Вујовиќ, поведоа во последните секунди, но Блаж Благотиншек непрописно блокираше почетен удар, па тоа им донесе на Германците пенал, кој беше реализиран. Пред седмерецот за бундес тимот, имаше долга пауза, бидејќи литванските судии Мажеика и Гателис десетина минути ја оценуваа ситуацијата. На крајот и Вујо мајсторе застана на словенечкиот гол да го брани пеналот, но страстите се смирија и на крајот Германија извлече бод.