Во вторникот планираа како да „избегаат“ од ЕП, денеска станаа шампиони

Репрезентативците на Шведска си заминуваат од Будимпешта како шампиони, а само пред неколку дена се правеа планови како да „избегаат“ од Словачка бидејќи беа на граница од настап за 5. место.

Швеѓаните не беа заинтересирани да го играат дуелот за 5. позиција бидејќи тој натпревар немаше да има никакво натпреварувачко значење со оглед на фактот што Шведска е домаќин на следниот Мундијал, а директен пласман обезбедуваат четирите најдопласирани од Европското првенство.

Затоа Шведска не планираше да го игра тој натпревар и сакаше порано да ја напушти Словачка, да не патува за Унгарија за да нема дополнителни проблеми со позитивни ракометари и нови изолации.

Сепак, победата над Норвешка ги смени плановите. Швеѓаните не само што го сменија планот набрзина туку до крај се бореа и докажаа дека се во одлична форма и можат да го победат секого. Ја надиграа Шпанија и дојдоа трофејот со што се поставија на врвот на вечната листа со петто злато на Европските првенства.

Штефан Ловгрен, Магнус Висландер, Штафан Олсон… добија наследници во Готфридсон, Паличка, Ване… Шведска одново има генерација која може да доминира во европскиот и светскиот ракомет.

Швеѓаните подготвуваат план за бегство од ЕП