Еурофарм Пелистер 2 и во следната сезона ќе биде предводен од Александар Јовиќ. Тренерот ја оправда довербата на клубот, ги исполни целите за сезонава, па поради тоа останува во Битола и во иднина.
За него „градот на конзулите” е ракометен центар кој знае, разбира и го сака ракометот, па од таму задоволство му е да продолжи со работа во една таква средина.
„Целите кои ги имавме како екипа за оваа сезона се исполнети, пласман во плеј-офот, каде со сите рамноправно се носиме и никој не не надиграл. Со тоа дојде и продолжувањето на договорот. Задоволството од меѓусебната работа. Во Битола добив можност како самостоен тренер да покажам колку знам и што имам научено од мојот ментор Лино Червар. Како тренер уживам во Битола ги имам сите можни услови за квалитетна работа и Битола според мене е најракометен град во Македонија. Тука нема фолирање, или те бива како играч, или како тренер и за тоа ќе ти дадат поддршка или ако нешто не е како што треба ќе добиеш големи критики. Вреди одново да заживее! Тука го сакаат ракометот, го познаваат, а тоа се гледа со години наназад затоа што Пелистер како клуб и Битола како град произвела најголем број на квалитетни ракометари и ги лансирана во европски ракомет. Клубот дава голема стабилност, затоа што не се скокаат скалила, не се брза, претседателот Стерјев сака чекор по чекор да расте клубот и да има иднина.“
Подолу прочитајте го интервјуто со Александар Јовиќ…
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЈОВИЌ: За создавање млади играчи треба систем и трпение, кои ние ги немаме