Поранешниот репрезентативен голман на Хрватска, Владо Шола во изминатата сезона го предводеше кинескиот Пекинг Универзитет во СЕХА лигата, а базата на тимот беше во Хрватска.
Шола ги сподели впечатоците на Кинезите за СЕХА лигата и за Хрватска и го истакна нивното воодушевување.
„Кинезите се воодушевени од СЕХА лигата. И не само од натпреварувањето, туку и од Хрватска. Ни требаше малку време да го склопиме тимот. Некои играа за Загреб во ЛШ – за нив, тоа е сензационално! Кога тие се прилагодија на животот, културата, јазикот, храната тогаш почнавме да играме ракомет. Многу од нив започнале да играат ракомет многу доцна, но сите сакаат да работат и учат. Тие не знаеја како да играат еден на еден, ова многу ни создаваше тешкотии. По враќањето дома, тие продолжуваат да играат во Суперлигата на Кина без пауза – се прашувам каков ќе биде нивниот резултат“, рече Владо Шола.
Пекинг Универзитет во рамки на СЕХА лигата загуби на сите натпревари, но сепак ова е едно огромно искуство за екипата за кинескиот состав.