Екипата на Металург има голема негатива во првото полувреме на гостување кај Адемар Леон после само 30 минути игра од седум гола. Тимот од Шпанија води со 20:13.
Победникот на овој дуел беше одлучен се чини веќе во првиот дел од средбата така што вториот дел ќе биде доста тежок за играње. Домашните ракометари од старт наметнаа своја игра и успеаја да дојдат брзо до висока предност.
Водството кое беше обезбедено во 10. минута од 8:4 најави голема негатива на крајот од првиот дел за Меалург.
Обидите да се дојде до подобар резултат не даваа успех. Место тоа многу лесно домашниот состав успеваше да ја зголемува предноста која успеа да стигне и до осум, па и девет гола.
Највисоката предност дојде во 27. минута при 19:10, а потоа беше и 20:11. Сепак, во последните три минути од првото полувреме Металург успеа да намали и на одмор да има негатива од седум погодоци.
Тимот на Адемар замина на одмор со 20:13, па во вториот дел од средбата ќе биде тешко да се надомести.
Прв стрелец на Металург во првото полувреме е Поповиќ со четири гола, додека по три постигнаа Тарабокија и Хорват. По еден гол имаат Серафимов, Канкараш и Потиќ. Најефикасен во редовите на Адемар е Перез со пет гола, додека Гостовиќ има три погодоци.