Винари „го запалија“ Неготино (ФОТО+ВИДЕО)

Вардар Неготино останува во машката Супер лига, откако во бараж средбата за опстанок го победи Драчево со 27-22, и в година ќе бидат дел од ракометната елита. Салата во Прилеп, каде се играше баражот беше претсена да ги собере сите навивачи на неготинци кои отпатуваа да го бодрат својот тим.

Откако екипата победи, следеше вистинската фешта, но во Неготино. На градскиот плоштад се собраа сите навивачи на Вардар Неготино, каде со факли и песни ја прославија победата.

И не само со факли, туку и со огномет, „црвено-црните“ од Неготино најавија дека в година ќе бидат уште подобри.

Пиротехничкото шоу на Винари траеше десетина минути.

Винари слават во Неготино

 

Ангелов: Им помогнав на момците да останат во Супер лигата, в година ќе бидеме многу подобри!