Виктор Марковиќ го засили прволигашот Јехона

Прволигашот Јехона го засили својот ростер со десното крило, кое може да одговори и на десната бековска позиција, Виктор Марковиќ.

Марковиќ потекнува од Металург, играше во кадетскиот и младинскиот тим на тимот од Автокоманда, како и за Металург 2.

Потоа беше дел од составите на Работнички и Ангели Волково, пред да паузира на кратко од ракометот.

Веќе настапи на два меча и постигна девет погодоци за Јехона, а составот на Фари Селмани се бори за прволигашкиот плеј-оф.

Следен предизвик за Марковиќ и неговиот тим ќе биде гостувањето кај новиот прволигаш Бисинов од Велес.