Унгарскиот шампион Веспрем би можел да има голем проблем до крајот на оваа сезона. На натпреварот против Монпелје, кој Веспрем го доби едвај, се повреди египетскиот репрезентативец Омар Јахија.
Тој заработи повреда на зглобот и ќе биде во аут следните два месеци, кога Веспрем ќе ги игра осминафиналните и четвртфиналните средби од Лигата на шампионите.
Претходно во декември, на дуелот во Скопје против Вардар, се повреди и Норвежанецот Кент Робин Тонесен, кој нема да игра до крајот на сезоната, па Веспрем остана само со еден десен бек.
Тоа е полскиот интернационалец Павел Пачковски, кој на стартот на оваа полусезона се враќа на теренот од долга пауза, и не е подготвен за максимални напори и предизвици.
Затоа тренерот Давид Дејвис ќе мора или да се потпре на некој деснорак играч на десната бековска страна или да комбинира со крилата Гајиќ и Маргуч. Втора опција е младиот десен бек Зоран Илиќ, кој одигра неколку добри партии во СЕХА лигата.