Веспрем комплетен доаѓа во Скопје

Унгарскиот шампион Веспрем во комплетен состав ќе допатува во Скопје за дуелот со Вардар во Лигата на шампионите.

Сите тестови на ракометарите и стручниот штаб се негативни, па Давид Дејвис нема да има проблеми околу играчкиот кадар.

Освен повредениот Расмус Лауге, сите други би требало да бидат на располагање на шпанскиот стратег.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра на 1 април во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот, додека реваншот е на 8 април.