Тимот на Еурофарм Пелистер славеше над Спортинг Лисабон со 31-25 и ќе презими на второто место во групата од Лигата на Европа.
Десниот бек Мартин Велковски кажа дека беше тешко за него и соиграчите да играат против агресивната одбрана на португалскиот тим.
„Беше многу тешко да се игра против нивната агресивна одбрана. Имавме проблеми. Знаеме дека тешко е да се издржи цел натпревар физички поради густиот распоред и многуте патувања. Очекувавме дека тие ќе паднат физички, а нас неверојатната публика ни даваше многу енергија да издржиме до самиот крај за да го направиме овој успех“, вели Велковски.
Следен предизвик за македонскиот тим во ова натпреварување ќе биде дуелот на гости кај Ним на 15 февруари догодина.
Eурофарм Пелистер супериорен – надигран е Спортинг, и битолчани се во врвот на табелата во групата
Пелистер се сака од мали нозе – „подмладокот“ се радуваше со сласт (ФОТО)