Вардар 13 минути не постигна гол, Еурофарм Пелистер ита кон трофеј во Купот!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер водат со 8-12 по првиот дел во Куп финалето против Вардар во Квардарци.

Во првите десетина минути се играше гол за гол, до 4-4, пред Вардар да поведе со два гола, 6-4 преку Талески и Георгиевски. Двете навивачки групи беа присутни во салата, некои шишиња завршија на терен, па имаше прекин од неколку минути.

Радовиќ и Тото исто така си кажаа по неколку збора, па мораа по две минути надвор од терен. Мандалиниќ го промаши пеналот, а Талески донесе првпат плус три, 7-4. Битолчани промашија уште еднаш, а Вардар казни и веќе беше 8-4 во 17 минута.

Имаа момците на Давид Дејвис и шанса за плус пет, но не беше реализирана. Битолчани го возвратија ударот и ги казнија сите „црвено-црни“ грешки за 8-8 по голот од контранапад на Маџовски.

Вардар никако не знаеше да го пронајде патот до мрежата на Секељ, кој редеше одбрани, а неговите соиграчи погдуваа во нападот и на пауза Еурофарм Пелистер води со 8-12.