Вардар ќе го игра првиот официјален натпревар на 29 август!

Ракометарите на Вардар би требало да го одиграат првиот официјален натпревар во новата сезона на 29 август.

Тоа ќе биде реванш дуелот од четвртфиналето на СЕХА лига против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.

„Прв меч ни е против Мешков Брест во Лига на шампиони. Во СЕХА на 29 август мора да играме реванш со Нексе и 4 и 5 септември на Ф4 во Задар. Сепак, тоа треба да се следи и да се види како ќе се одвиваат сите активности“, вели тренерот Алушовски.

Вардарци имаат предност од еден гол по победата во Нашице, 31-30, и се многу блиску до место на завршниот турнир каде што веќе се Загреб и Мешков Брест.

Ф4 во СЕХА би требало да се игра на 4 и 5 септември во Задар.