Вардар рутински против Шампион, славеше со 20 гола разлика

Екипата на Вардар во натпревар од 19. коло од Женската лига забележа убедлива победа со 20 гола разлика против Шампион, 39:19.

Ракометарките на Шампион имаа сила само за првите минути и нивното водство од 1:0 беше единствениот отпор кон противникот. Избраничките на Драгана Ристова го израмнија резултатот на 1:1, а по неколку секунди преку Стојановска имаа водство од 2:1.

Од 5. минута започна доминацијата на Вардар, предноста нагло растеше, но растеа и грешките на противникот. На паузата, Вардар имаше предност од 14 гола разлика, 23:9.

Второто полувреме беше повеќе формалност и шанса за ракометарките кои обично имаат мала минутажа на натпреварите.

Во Вардар, Стефанија Ѓеоргиевска и Ивона Трпевска постигнаа по седум гола, шест додаде Катерина Дамјановска. Во составот на Шампион, Симона Димитриевска беше најефикасна со пет гола.