Откако стана официјално дека Вардар нема да игра во Лигата на шампионите, беше потврдено и дека четирите странски засилувања нема да дојдат во Скопје.
Португалскиот лев бек Жилберто Дуарте е блиску до трансфер во бундеслигашот Гепинген, додека за останатите тројца допрва ќе ги дознаеме новите средини.
Десниот бек Нејц Цехте беше меѓу првите договорени засилувања, но и тој ќе побара нова средина, исто како и рускиот репрезентативен пикер Павел Андреев и црногорскиот среден бек Божо Анѓелиќ.
Доколку и Тимур Дибиров го потврди неговото останување во Вардар за наредната сезона, македонскиот шампион ќе му се заблагодари на полското лево крило Јан Чувара.
Како ќе изгледа Вардар: Борко Ристовски тренер на голмани, доаѓа пивотот Милан Лазаревски