Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар губат на полувреме од белорускиот првак Мешков Брест со 12-20.
На стартот се играше гол за гол до 5-5, а потоа белорускиот првак ги казни сите вардарови грешки и Вајлупов, Паниќ и Скубе стигнаа до плус четири, 5-9.
Во продолжение Вајлупов беше стрелец на голот за највисоки пет голови разлика, 7-12, но вардарци во следниот период заиграа подобро во нападот и намалија на 10-12.
Сепак повторно беа промашени два зицери, Дибиров промаши и пенал, па Мешков Брест се одлепи на 11-16 на пет минути до паузата.





Вардар – Мешков Брест (Лига на шампиони)


























































































































Беше и 12-17, а потоа уште неколку промашните напади и гостите од Белорусија стигнаа до највисоки плус осум, 12-20.
Вајлупов беше немилосрден и погоди шест пати од шест обиди, додека Скубе даде три погодоци. Кај Вардар, Дибиров постигна четири гола.