Вардар има сѐ во свои раце, битолчани ќе чекаат услуга од други!

Ракометарите на Вардар беа подобри од Еурофарм Пелистер во Битола со 23:26 (11:11) во директната пресметка од плеј-офот во Супер машката лига. Победата над битолчани од три гола разлика беше сосема доволна за „црвено-црните“ да го преземат првото место на табелата, сега имаат бод повеќе од второпласираниот Еурофарм Пелистер.

На избраниците на Жељко Бабиќ им одговараше и реми, но не успеаја да ги израдуваат битолчани, кои чекаат 17 години за враќање на титулата во свои раце. Последното славје во Битола се случи во 2005 година, кога тогашниот состав на Пелистер Кометал беше поуспешен од Металург во финалната плеј-оф серија.

До крајот на плеј-оф фазата треба да се одиграат уште три кола. Следен предизвик за Вардар е вториот тим на Еурофарм Пелистер, кој секогаш игра на високо ниво против двократниот европски шампион. Токму овој тим беше единствениот кој успеа да го победи Вардар во регуларниот дел од сезоната со 27:26.

„Повозрасниот брат“ ќе се надева на кикс на вардарци против младите „фармацевти“. Доколку тоа сценарио се случи, тогаш Еурофарм Пелистер практично ќе ја освои титулата. Вардар треба да одигра уште и со Бутел на гостински терен и против Тиквеш во СЦ „Јане Сандански“.

Еурофарм Пелистер го очекуваат три лесни дуели против Охрид на гостински терен, потоа следува натпреварот против вториот тим, додека во Битола во последното коло ќе гостува Бутел Скопје.

Распоред на Вардар за последните три кола

7-8/5, Вардар – Еурофарм Пелистер 2
21-22/5, Бутел Скопје – Вардар
28-29/5, Вардар – Тиквеш

Распоред на Еурофарм Пелистер за последните три кола

7-8/5, Охрид – Еурофарм Пелистер
21-22/5, Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер
28-29/5, Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140

Вардар го преживеа битолскиот вулкан, на чекор до нова титула!