Ракометарите на Вардар забележаа нов пораз во Лигата на шампионите на гостувањето кај Кил со 30:32, но одиграа многу подобро од претходните натпревари и 60 минути се бореа против фаворитот.
Од почетокот се виде дека ова ќе биде интересна средба откако Вардар имаше постојано резултатски приклучок. Двата состави се надигруваа и постојано имаа игра која гарантираше интересно продолжение. Вардар беше во гол позитива од почетокот на средбата, но имаше само еден гол. Кил израмнуваше, па во 13. минута дојде до 9:5, а малку потоа и до 11:6.
И покрај оваа висока негатива, Вардар успеа да се врати благодарение на одбраните на Томовски и добрата игра на Кудуз во нападот кој шутираше без грешка. Разликата падна до два гола, кога се врати потребниот ритам и е чекаше шанса за нешто повеќе. Сепак, на одмор се замина со 16:18, што беше активен резултат и даваше надежи за нешто повеќе.
Вардар се држеше осум минути во игра кога резултатот беше 19:21, а тука дојде до мала криза која домашните ја искористија да казнат и да го зголемат водството до високи седум гола. Во 42. минута веќе беше 26:19 за Кил така што тука стана јасно дека Вардар тешко ќе може да се врати одново во игра за победа.
И покрај вака високото водство на Кил, вардарци дојдоа до минус четири. Стигнаа до 25:29, а потоа браќата Њокас во две акции по ред можеа да намалат на три гола, но и Оливие и Кевин шутираа избрзано. Затоа, пак, Ѓукиќ во следната акција не згреши и успеа да донесе минути три на пет минути до крајот од натпреварот.
На две минути до крај Вардар дојде до 29:31. Томовски бранеше одлично и даде шанса за минус еден, но Чувара беше трагичарот. Шутираше лошо во контрата, па на крајот беше 32:30 за Кил што донесе нови бодови за „зебрите“, а шестти пораз за Вардар во серија во Лигата на шампионите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА
Вујовиќ: Тешко е – цел меч се боревме и бевме блиску, но не освоивме бодови
Јиха: Вардар се бори до крај – секогаш успева да се врати во игра