По првиот релаксирачки тренинг во саботата и тим билдингот во неделата на Водно, како и по извршените медицински прегледи во текот на вчерашниот ден, ракометарите на Вардар се враќаат на тренинзите.
Утринава „црвено-црните“ во групи работеа во вежбалницата во СЦ „Јане Сандански“, а веројатно следните неколку тренинзи ќе бидат одработени на отворено.
РФМ го објави протоколот, па вардарци за неколку дена ќе започнат и со тренинзите во сала.
Првите проверки пред стартот на новата сезона, избраниците на Стевче Алушовски би требало да ги имаат на Струшкиот турнир од 12 до 16 август.