Со потписот на Тимур Дибиров за хрватскиот шампион Загреб, бројот на екс вардарци во редовите на „плинарите“ ќе се зголеми на три.
Таму веќе една сезона одигра легендата Иван Чупиќ, кој пет сезони беше дел од „црвено-црниот“ тим.
На почетокот на летото, во хрватскиот првак дојде левиот бек од Црна Гора, Вуко Борозан, кој исто така дел од кариерата мина во Вардар.
Со доаѓањето на Дибиров, ќе се обедини триото од Вардар, кое освои титула во Лигата на шампионите во 2017 година, а играше потоа и на Ф4 во 2018 година.
Во 2019 година, Дибиров и Чупиќ беа дел од освојувањето на втората титула во најелитното клупско натпреварување.
Загреб во новата сезона од ЛШ ќе биде во група со Висла Плоцк, Веспрем, Динамо Букурешт, Порто, ГОГ Гудме, Магдебург и ПСЖ.