Ракометарките на Вардар си обезбедија предност од четири гола за реваншот во Скопје против Приштина во Европскиот куп откако денеска дојдоа до победа од 39:35. Тие направија убава предност за реваншот каде што се очекува вардарки да ја потврдат оваа позитива.
Вардар имаше предност во поголемиот дел од средбата. Воспостави контрола откако после 40 минути имаше предност од еден гол. Водството од 16:15 значеше продолжение во кое ќе се има предност постојано и без поголем проблем ќе се дојдедопобда.
Во вторите 30 минути постојано предноста беше на страна на вардарки кои водеа од четири до шест гола. Делуваа сигурно на теренот и не дозволија противникот премногу да се доближи.Дури во финишот домашните стигнаа до 33:35 и 35:36, но потоа беше кренато нивото одново и беа обезбедени четири гола разлика за конечни 39:35.
Со овој резултат составот на Вардар се избори за предност која следната сабота во Скопје ќе треба да се одбрани со нов триумф и д се обезбеди следна фаза во Европскиот куп.
Ова беше прв триумф на Вардар на европска сцена после враќањето по пауза од неколку години.
ПРИШТИНА – ВАРДАР 35:39 (15:16)
Сала: Палата на спортовите во Приштина. Судии: Богдан Калуѓеровиќ и Иван Вујачиќ од Црна Гора.
ПРИШТИНА: Ука (7 одб.), Каба (7 одб.), Ајвази, Бојовиќ 11, Бериша, Хисени, Ипчи 3, Бериша, Мехмети 4, Нивокази 3, КОнѓели, Сагова 4, А. Крансиќи, Ф. Красниќи, Прапаштица 5, Гнараба 5
Седмерци: 7/8, Исклучувања: 16 мин.
ВАРДАР: Илиќ (6 одб.), Ѓеорѓиевска (5 одб.), Ј. Попова, Н. Попова, Коцева 1, Тошевска, Трпевска 7, Костовиќ 5, Диневска 7, Миновска 4, Радевса, Галевска 1, Стојановска 5, Васевска, Коцева 2, Дамјаноска 7
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 16 мин.