Вардарки рекордерски до 63 гола, го наполнија голот на Кузман Вардар

Ракометарките на Вардар одиграа максимално ефикасна средба на гостувањето кај Кузман Вардар и имаа рекордерско издание во нападот сезонава од дури 63 гола. Дојдоа до победа од 63:16 со што ја демонстрираа разликата во квалитет.

Екипата на Кузман Вардар на овој натпревар настапи со ракометарките кои вообичаено не добиваат голема минутажа, а и тоа не беше никаков проблем гостинската екипа да ја искористи секоја грешка на противникот и да постигне над 63 гола за 60 минути.

Натпреварот беше решен уште при неговото отворање кога ракометарките на Вардар поведоа со 6:1. Избраничките на Драгана Ристова го зголемуваа своето водство и на полувреме стигнаа до предност од 30:7. Слична беше и стуацијата  во второто полувреме во кое гостинките имаа резултат од 33:9.

КУЗМАН ВАРДАР – ВАРДАР      16:63 (7:30)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

КУЗМАН ВАРДАР: Буразер, Ѓоргиева 3, Додевска 1, Трајковска, Атанасова 1, Чавдарова, јаневска, Петровска, Милевска, Јовеска 2, Ангеловска 1, Стојчевска, Ангеловска 2, Симоновска 1, Петковска, Ангелова 5.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 2 мин.

ВАРДАР: Трајковска, Илиќ, Попова 4, Цветковска 3, Стефановска 4, Џатевска 2, Лазаревска 3, Трпевска 10, Костовиќ 3, Диневска 5, Миновска 5, Галевска 2, Стојановска 2, Васевска 9, Коцева 3, Дамјановска 8.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20191058
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА20171252
3ЧАИР20161349
4ВАРДАР20151446
5КУМАНОВО20150545
6СТРУЖАНКА20101931
7ПЕЛИСТЕР 201220101931
8СКОПЈЕ20821026
9ДЕСПИНА20611319
10СПАРТАК20611319
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.20431315
12АСТИБО20401612
13ШАМПИОН2021177