Денеска се одиграа уште пет пријателски натпревари на селекциите што се подготвуваат за СП.
Еден од домаќините на Мундијалот, Полска, по поразот вчера од Тунис, денеска славеше против Јужна Кореја со 31-27. Вардарецот Јан Чувара беше најдобар стрелец на мечот со пет гола, додека некогашниот член на „црвено-црниот“ тим Патрик Валчак, даде два гола.
Тунис на вториот меч од турнирот „Четири нации“ во Краков му го нанесе вториот пораз на Бразил и победи со 29-24.
На турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија, домаќинот ја доби битката за трето место со Алжир, 33-25, додека во финалниот натпревар Египет славеше против Словачка со 33-29 и го освои трофејот.
Тестираа и две селекции кои нема да играат на СП. Чешка вторпат беше подобра од Летонија со 34-24.