Еурофарм Пелистер со вредна победа се враќа од Германија, каде што славеше против Мотор Запорожје со 33-30.
Тренерот Ларс Валтер е задоволен од изданието на неговите ракометари и вели дека уживал додека ги гледал на теренот.
„Можевме да забележиме дека ни недостигаа ракометари, бидејќи на крајот бевме многу уморни. Но, сите се бореа и дадовме максимум, можеби и повеќе од тоа. За еден тренер беше убаво да се види тимот денес. Игравме против тим чии бекови шутираат од преку 11 метри без проблем. Знаевме дека е тешко да се брани против такви ракометари, но беше поразлично. Посебно во вториот дел одигравме есктремно добро. Почнавме да играме подобра во одбраната, на крајот моравме да менуваме тројца ракометари, во ракометот тоа не е добро, па затоа примивме повеќе голови од контри. Ракометарите се бореа и навистина сум горд на нив. Играа одлично моите момци“, изјави Валтер.
Данскиот стратег најдобро ги знае квалитети на Себастијан Хенеберг кој постигна 44 гола.
„Нормално е ова за Хенеберг. Веќе му кажав дека следниот пат очекувам малку повеќе“, вели низ шега Валтер.
За Еурофарм Пелистер нема многу време за одмор. Ве петок гостува во Кавадарци кај Тиквеш, додека во вторник ќе игра против Бидасоа во Шпанија.
„В петок играме против Тиквеш, па ни следи Бидасоа во Шпанија. Имаме нови проблеми, Павле Атанасијевиќ веројатно ќе биде некое време отсутен, но Хосни се врати, па иако не беше максимално подготвен, играше на крајот, Сега мора брзо да се регрупираме и знам дека и в петок ќе биде тешко, но мора да го задржиме континуитет. Позитивно размислувам по денешната победа“, заврши Валтер.
Гол шоу на Хенеберг, Еурофарм Пелистер победнички се враќа од кај Мотор!