Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за новата сезона, во која тимот ќе се натпреварува на дури пет фронта – Суперкуп, Куп на Македонија, СЕХА лига, Лига на Европа и Суперлига.
Тимот, кој лани финишираше на втората позиција во домашниот шампионат, претрпе поголеми промени во играчкиот кадар и доби нов предводник. Данецот Ларс Валтер ќе ги предводи „фармацевтите“ во новата сезона и ќе се обиде со своите избраници да го симне Вардар од македонскиот трон.
Валтер на првиот тренинг им ги претстави плановите на своите избраници и истакна дека до стартот на новата сезона не е исклучена можноста за уште некое засилување во тимот.
,,Имаме само еден месец до почетокот на официјалните натпревари. Првиот дуел е против Мешков Брест на 25 август и немаме многу време. Затоа ќе треба можеби да играме малку повеќе ракомет отколку што тоа нормално го правиме и напорно да работиме на физички план. Ќе биде интересно да видиме како ќе изгледаме за четири недели, бидејќи е краток период, но мислам дека ќе успееме. Досега, тест резултатите се одлични, и почнуваме напорно да работиме. Досега не игравме ракомет, ова е наш прв тренинг со топка. Но, од тоа што го видов, видео записите и натпреварите, мислам дека имаме добар тим. Се работи се добри личности, два дена сме заедно и мислам дека „дишеме“ добра работна атмосфера. Луѓето сакаат да работат и оптимист сум за тоа што ни следи. Не исклучувам можност за уште некое засилување летово”, изјави Ларс Валтер.
Пелистерци почнаа со подготовки, Павле Атанасијевиќ и Кузманоски се приклучија на првиот тим (ФОТО)