Ваков гол ретко се гледа: Атракција со шрауба на Мрвовиќ од десет метри! (ВИДЕО)

 

Екипата на Куманово во последното коло од плеј-аут фазата беше поразена од Вардар Неготино со 35:30, но поразот за кумановскиот тим немаше никакво значење, бидејќи уште од поодамна повратникот во македонската елита си обезбеди суперлигашки опстанок. Натпреварот во Неготино го одбележа младиот интернационалец од Србија, Вучко Мрвовиќ, кој при крајот од дуелот постигна гол со шрауба од речиси десет метри. Голот на Мрвовиќ беше поздравен од неготинската публика. Погледнете...